ДРЖАВНИ РЕЗЕРВИ: За еден месец – намалување од 46 милиони евра!
Само за еден месец, или од февруари до март, државните резерви се намалени за 46 милиони евра. Заклучно со првиот економски кавартал или државните резерви изнесувале 1 милијарда 941 милион евра.
Намалување на државните резерви се заблежува и кај девизните резерви во конвертибилни валути, односно резерви врзани за хартии од вредност и депозити кај странски банки, но и кај резервите во злато. Така, според податоците, на крајот од март во форма на хартии од вредност Македонија чува 1 милијарда и 610 милиони евра, потоа 121 милион евра како депозити и валути во странски банки и 205 милиони евра, како вредност во злато. Во март, девизните резерви во злато во споредба со февруари, се намалени за околу 7 милиони евра.
Податоците покажуваат дека мартовското салдо на девизните резерви е едно од најниските од ноември 2011 та година. До декември 2013 та година девизните резерви имаа вредност повисока од 2 милијарди евра. Од декември до март тие се одржуваат под ова ниво.
“Последната состојба на бруто девизните резерви, на 31 ви март изнесува 1 и 941 милиони евра, што претставува пад од 51,9 милиони евра во однос на крајот од претходната година. Негативните промени на девизните резерви во најголем дел се должат на нето-продажбата на девизи од страна на НБРМ на девизниот пазар и на трансакциите за сметка на државата“ – пишува во најновиот априлски извештај на Народната Банка.Дел од експертската јавност не ја отфрлa можноста дека намалувањето на девизните резерви е поврзано со изборите.
Слично
