Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државни институции биле вмешани во фалсификувањето лични карти?

Државни институции биле вмешани во фалсификувањето лични карти?

Вештачењето на запленатите лични карти покажало дека тие се фалсификати, а матичните броеви и личните податоци биле точни.

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека вакви податоци поседуваат само државни институции, според што можна е институционална злoупотреба во оваа афера.

„ Ве потсетувам да обврнете посебно внимание на ноторниот факт дека на запленетите лични карти видливи се датумите на нивно издавање од 2009 и 2014 година. Исто така имињата и матичните броеви се точни, нема бегање од фактот дека се злоупотребени идентитетите на граѓантие на Република Македонија, а само државните институции поседуваат вакви податоци. Тоа говори дека можна е институционална злоупотреба за што одговор ќе покаже истрагата. Истрагата е комплексна и чувствителна, но одредени сознанија постојат и наскоро ќе бидат обелоденети” - рече Спасовски.

Повеќе детали од МВР засега не откриваат се до завршување на истрагата, која се уште ја води Јавното Обвинителство.

До сега во скандалот со личните карти беа уапсени три лица, од кои две биле пуштени на слобода, а еден бил задржан поради претходно кривично дело.

Во однос на инмформациите дека осомничените наводно имале контакти со функционери на СДСМ меѓу кои и со министерот, Спасовски тврди дека никој нема да  биде амнестиран ако се докаже дека извршил кривично дело.

Претседателот на СДСМ пак, Зоран Заев, денеска одржа пресконференција на која предупреди дека исто како и за прислушувањето, власта сега режира сценарио за фалсификувањето на личните карти.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа за случајот за фалсификуваните документи итно да се свика анкетната комисија за прислушување и да биде повикан и еден од приведените.

Слично

Поврзани вести