Државната кардиохирургија ќе почне со работа од септември
Во септември Државната кардиохирургија во Скопје ќе ги прими првите пациенти, најави министерот за здравство Никола Тодоров. Кардиохируршките интервенции ќе се вршат во новиот простор кој се подготвува за таа намена, во рамките на Клиниката за кардиологија.
Реконструкцијата на ова крило чини околу 650 илјади евра, а треба да заврши до јули.
„Ние набавуваме и дополнителна опрема, медицинска и немедицинска опрема. Тендерите се веќе завршени и во овој сегмент. Нивната вредност е од 84 милиони денари, што значи дека целата инвестиција е околу 2 милиони евра“, појасни министерот Тодоров.
Во Државната кардиохиргија годишно треба да се изведуваат од 150 до 200 интервенции. Најдоцна за три години земјава треба да има самостоен тим за кардиохируршките интервенции.
Отворањето на Државната кардиохиргија нема да значи прекин на договорите со двете приватни кардиохирургии во земјава, „Филип Втори“ и „Аџибадем Систина“, односно пациентите ќе добијат можност да избираат каде ќе се оперираат.
Слично
