Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државна ревизија го чешлаше работењето на Заводот за индустриска сопственост!

Државна ревизија го чешлаше работењето на Заводот за индустриска сопственост!
Отсуството на служба за финансиско работење, нецелосна документација за потрошено гориво и извршени угостителски услуги  во делот на ставката за репрезентација, платите на вработените  не се исплаќале врз основа на реално одработени часови, ова се дел од забелешките што Државниот ревизор ги нотираше во најновиот извештај за 2012 година за Државниот завод за индустриска сопственост. Во извештајот е нотирано дека кон налозите за службено патување во странство не се приложени авиобилети како доказ за користениот превоз и термините на заминување и пристигнување. Во врска со оваа забелешка, во одговорот на ДЗИС стои дека, директорoт донесол решение за задолжување на одговорниот благанјник од СОЗР, да не врши раздолжувања со вработените  со сметки, доколку не е доставен билетот за користено превозно средство. Во делот на финансиските извештаи, ревизорот забележува, дека ревизијата не можела да се увери во реалноста и објективноста на искажаните расходи, во вкупен износ од 1.160.000 денари, поради непостоење на соодветна поткрепувачка документацијa. Во извештајот стои дека расходите за потрошено гориво се во вкупен износ од 255.000 денари и се за исплатени средства по сметки за гориво за што на увид на ревизијата биле дадени налози за користење на патнички автомобил за деловни потреби со внесени податоци за месечна километража за доаѓање и враќање од местото на живеење до работа и назад, за две службени возила, наместо налозите да се изготвуваат при секое користење на возилата, со редовно внесување на податоци за корисникот, релација и опис на работата,поминати километри. “Ваквиот начин на работење не е во согласност со начинот на користење на службените возила за извршување на службени потреби предвиден во член 31 односно член 33 од Правилникот за внатрешно функционирање на работењето на  ДЗИС”, се наведува во извештајот на Државниот ревизор Ревизорот нотира дека расходите за извршени угостителски услуги евидентирани на поставката за репрезентација во износ од 905.000 денари , по фактури и сметки се потпишани од овластено лице, но без опис за основот за кој се потрошени средствата. “ДЗИС нема донесено интерен акт за правото и висината на средствата за користење на репрезентација,освен правото за трошоци за репрезентација во бифето. Во сметководствената евиденција за овој увид се приложени фактури со фискални сметки од повеќе добавувачи, сметки од ресторани од извршените патувања во старснтво-прилог на патни налози, сметки за угостителски услуги исплатени во готов и сметки во ресторани во земјата и станство платени со бизнис картичка”, стои во Ревизорскиот извештај. Ревизорот  препорачува да се почитуваат одредбите за користење на службените возила согласно Правилникот а начинот на средства за репрезентација да се регулира со интерен акт., Од ДЗИС по однос на извештајот, минатиот месец одговориле  дека во врска со забелешките за користење на службените возила, за секое користење на службено возило еднаш неделно ќе се пополнуваат налози со сите релевантни податоци, со следење и контрола на трошокот за гориво. Во врска со забелешката на ревизорот во делот за репрезентација, од ДЗИС одговараат дека Заводот донесол интерен акт согласно Правилникот за трошоци за репрезентација за директорот и други лица, направени во државата и надвор, за време на работни сесии во Светската организација за интелектуална сопственост и Европскиот патентен завод. Според извештајот, со буџетот за 2012 година во делот за репрезентација се потрошени повеќе средства од планираните. “Со Буџетот 2012 година на ставката други тековни расходи, во кои влегуваат и расходите за репрезентација , се планирани и одобрени средства во износ од 1.753.000 денари, а потршени се 1.998.000 денари,односно повеќе потрошени ненаменски средстава во износ од 245.000 денари. Во рамките на оваа ставка, кај поставката репрезентација повеќе потрошените средства изнесуваат 433.000 денари на терет на останатите поставки”, се наведува во извештајот ДЗИС работел без своја служба за сметководство Ревизорот нотирал дека  ДЗИС нема своја служба за сметководствено фиансниско работење поради тоа што одделението за финансиски прашања со предвидените 6 работни места не е пополнето и покрај доставените барања за добивање согласност од Министерството за фиансии. Во изминатиот период за вршење на сметководствено- финансиските работи ДЗИС користи услуги од Службата за општи и заеднички работи на Владата, така што во 2012 година овие работи ги извршува одговорен сметководител и благајник.. Ревизорите констатирале дека во Одделението за внатрешна ревизија од мај 2010 година вработено е едно лице на местото раководител, од вкупно 3 работни места со 5 извршители. “ Напред наведеното укажува на необезбеден целосен и соодветен систем на финансикси менаџмент и контола поради што постои ризик од погрешно прикажување на податоците во деловните книги и финансиските извештаи и ризик од неправилности и недоледности во примена на законските прописи, стои во извештајот. Ревизорите препорачуваат одговорното лице на ДЗИС да превземе активности за обезбедување на целосен и соодветен систем на интерни конторли, со донесување на пишани процедури и постапки на сите нивоа на работење и нивни спроведување. По однос на утврдените состојби од ревизорот, ДЗИС испратил одговор на Нацрт извештајот. “Во врска со забелешките за необезбеден целосен и соодветен систем на финансиски менаџмент и контрола ДЗИС ве известува дека по завршувањето на распишаните претседателски изброи ќе покрене посптапка за пополнување на работното место “ раководител на одделението за финансиски прашања. Во меѓувреме до завршувањето на овој процес, директорот на ДЗИС донесе решение за овалстување на вработен од друг сектор за вршење на работите кои произлегуваат од работното место –ракводител на одделение за финансиски прашања”, стои во одговорот од ДЗИС. Платите не се исплаќале врз основа на реално одработени часови Државниот ревизор ноирал дека системот на интерни контроли во ДЗИС не обезбедува исплата на плати на вработените да се врши врз основа на реално одработени часови за полно работно време, согласно Законот за државни службеници. “Иако е воведена електорнска евиденција на работното време,истата не се применува соодветно на законот. Одговорното лице на ДЗИС да обезбеди услови за почитување на законските одредби за редовност и пресметката на платата за сите вработени согласно законските прописи со цел точна пресметка и исплата на плата, се наведува во извештајот” И по ова укажување, минтаиот месец ДЗИС испратил одговор во кој стои: “Согласно Правилникот за внатрешно функционирање на работењето во ДЗИС, за влзе во Заводот е инсталиран софтвер за електронско отворање на главната врата, со тоа што за вработените во Заводот обезбедени се картичи за влез и излез. Согласно претходното секој влез и излез од Заводот се евидентира во софтверот кој е инсталиран кај директорот на Заводот и кај неговиот технички секретар.Секое излегување и влегување задолжително се пријавува кај раководителот на одделнието. За повеќедневно отсуство одобрување дава директорот.Исто така ќе се води непосредна контрола врз електронската евиденција”, се наведува во одговорот од ДЗИС. Ревизорите нотираат дека освен во прашањата каде што се изнесени забелешките, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на ДЗИС,односно Сметката на буџетот од самофинансирачки активности за 2012 година и резултатот од финансиските активности во анализиранта година, се во согласнот со важечката законска регулатива. Ј.С
Слично

Поврзани вести