Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државјанин на БИХ суспендиран од виенскиот аеродром, бил симпатизер на ИД

Државјанин на БИХ суспендиран од виенскиот аеродром, бил симпатизер на ИД

Вработен на виенскиот аеродром Швехат со потекло од БИХ е суспендиран, затоа што бил симпатизер на Исламска држава.

На аеродромот со години работел како техничар, и е суспендиран затоа што властите го идентификувале како симпатизер на исламистите, пишуваат тамошните медиуми. Од аеродромот велат дека сите вработени поминуваат низ детална проверка, која може да трае со недели. Босанецот на социјалните мрежи позирал како борците од ИД во победничка поза со подигнат показалец. На повеќе сајтови ги следел ИД и нивните радикални пораки, а на колегите им паднал во очи со своите радикални ставови и погледи на светот. Заради сето ова раководството на аеродромот го суспендирало.

Слично

Поврзани вести