Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗР со низа критики за работењето на Министерството за земјоделство во мандатот на Љупчо Димовски!

ДЗР со низа критики за работењето на Министерството за земјоделство во мандатот на  Љупчо Димовски!
Долгови кон јавно претпријатије и за кредити, отсуство на уредна евиденција за издадено државно земјиште под закуп, недоследности при проверка на пратките што доаѓаат од увоз и што се пуштаат во употреба, ова се дел од нерегуларностите што Државниот завод за ревизија ги утврдил во извештајот за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2013 година. Во извештајот ревизорот нотира неправилности во однос на непочитување на правилата од законот за Јавни набавки кај дел од договорите за набавки, но и  при користењето на службените мобилни телефони и возила. -За финансиските извештаи на Министерството за 2013 година изразивме негативно мислење за вистинитоста и објективноста на билансот на состојба, мислење со резерва за билансот на приходи и расходи и негативно мислење за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политки.Во исто време известуваме дека утврдивме одредени системски слабости за кои надлежните органи во наредниот период треба да превземат мерки за надминување на истите и воедно извршивме обелоденување на неколку состојби кои имаат влијание во понатамошното работење на министерството, посочува ревизорот во извештајот. Нема електронски систем за контрола на наплата за закуп на земјиште Во делот на давањето земјиште под закуп, ревизорт констатирал дека податоците за висината на закупнината, рокот и наплатата се водат во подрачните единици на МЗСШ, но една од забелешнките е што за овие податоци во министерството не е воспоставен единствен електронски систем кој ќе овозможи следење и контрола на наплатата на закупнината согласно склучените договори. -Во 2011 година во соработка со министерството за финансии бил воспоставен електоронски систем за управување со земјоделското земјиште но при неговата примена биле утврдени одредени проблеми и недоследности поради што од март 2013 година истиот не е во употреба. Дел од проблемите се однесувале на катастерските парцели во државна сопственост при што република Македонија не била впишана како нивен сопственик или врз нив постоело запишано корисничко право на други правни и физички лица , така што не е можно државата да располага со овие парцели. Евиденциите што се водат во подрачните единици се нецелосни и не претставуваат веродостојна база на податоци која ќе послужи за добивање проекција на очекува приход при изготвувањето на Буџетот на РМ за наредната година како и сигурен основ за евидентирање на вкупните подарувања кои ги има државата по овој основ. Не е воспоставена целосна соработка меѓу министерството и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во делот на обезбедување на потребните податоци за подмирување на долгот по основ на закуп на земјоделско земјиште, се наведува во извештајот. Ревизорот препорачува министерството да ги започне активностите за воспоставување на точен и унифициран електронски систем за управување со земјиделско земјиште, да воспотават соодветна соработка со сите државни институции кои се вклуени во процесот на издавање и наплата на средства по основ на издавање на земјиште под закуп. 2,5 милиони евра долг на  ЈП„Македонски шуми“ Ревизорот обелоденува дека министерството за земјоделство му должи речиси 2,5 милиони евра  на ЈП Македонки шуми, за спроведената акцијата за пошумување „Ден на дрвото“.Но е поочува дека минитертвото и претпријатието имале различни пресметки, поточно  министерството не признавало дел од побарувањата, поради што ги враќале назад фактурите за плаќање, кои се однесуваат на акцијата за пошумување во периодот од 2010-2013 година. - Според податоците презентирани во „Информацијата за реализација на акцијата за пошумување „Ден на дрвото-засади ја својата иднина, есен 2013 година“, вклучувајќи ги и нејзините измени и дополнувања, Јавното претпријатија искажува побарувања од министерството во вкупен износ од 152.581.000 денари, од кои 137.171.000 денари се по основ на акцијата за пошумување за период 2010-2013 година, додека 15.410.000 денари се по основ на проширена репродукција на шумите за 2011 година. Оваа информација е доставена до Владата за понатамошно постапување. Причина за враќање на фактурите од страна на министерството, е што започнувајќи од 2011 година па наваму во Програмите за проширена репродукција на шумите не се планирани средства за оваа намена, се наведува во ревизорскиот извештај, се наведува во извештајот.  За долгот била запознаета и Владата која донесла заклучок министерството да ја разгледа можноста да ги плати фактурите кон претпријатието и за истото во рок од 60 дена да достави информација. Ревизорот истакнува дека до денот на известување од извршената ревизија во финансискиот план на министерството за 2014 година не е предвидени средства за таа намена. Во истовреме се посочува дека и ЈП „Македонски шуми“ должи 109.203.000 денари на Буџетот. Овен овие побаруваа, во извештајот е наведуваат и други. Ревизијата наведува дека на позицијата Други меѓуебни побаруваа во деловните книги на крајот на изветувачкиот период икажани се побарувања во износ од 1.308.283.000 денари, кои е однеуваат на неплатени побарувања од други субјекти по основ на сервисирање на јавен долг односно отплати на кредити земени во претходни години од странски кредитори и тоа во име на ЈП ХС Злетовица Пробиштип, ЈП за водоснабдување Лисиче, Единица за проведувае на Програмата за Јужновардарска долина. Иако кредититте требало да ги плаќаат претпријатијата, поради неликвидност не успеале сами да ги исплаќаат кредитите, кои паднале на товар на министерството. Во делот на приходите остварени од одобрување на производи за заштита на растенија , продаѓба на контролни маркици за здравство, обезбдување средства за репродукција на шумите, извршена контрола и преглед на квалитет на пратки од увоз , ревизорот дека сметководствената евиденција е врз основа на нецелосни неверодостојни документи. Не е воспоставена и сметководствена евиденција на набавките и издавањето на залохата на контролни маркици за брашни и испратници.  Во однос на маркиците за брашно кои ги издава министерството, ревизорот констатирал дека кон сметководствената евиденција за настанатите приходи не се приложуваат издадените одобренија, маркиците не се делел по редослед согласно сериските броеви, а нема евиденција на набвката и издавањето на контролните маркици на залиха. Нерегуларности се лоцирани во користењето на службените мобилни телефони Ревизорот посочува дека со посебно Упатство во министерството е регулирано користењето на службените мобилни телефони, и со истотот упатство е предвидена висината на сметката која паѓа на товар на  министерството за функционерите и раководните државни службеници додека со посебно известувае од министерот се определени вработените на кои им е одобрен лимит во висина од 350 денари. Во извештајот се наведува дека дозволените лимити на службените мобилни телефони неколкукратно се надминувале, поточно на десет државни службеници од кабинетот на министерот им било дадено генерално одобрување за надминатите лимити за мобилните телефони за минатата година, поради зголемен обем на работа. Ревизорот забележува дека се вопотавила пракса одредени функционери , раководни државни службеници и други вработени да користат повеќе од еден службен телефон, со што создале услови за надминување на дозволениот лимит од 350 денари. -Одобрувањето на потрошените сресдства  над дозволениот лимит покрај функционерот кој раководи со органот(министерот) го одобруваат и заменикот министер и државниот секретар што не е во согласност со Одлуката и Упатсвото донесено од министерот. Прегледот со податоци за вработени со надминат лимит односно износи што треба да бидат задржани што се доставува до одделението за сметководство и плаќање не ги содржи податоците за сите вработени кои го надминале лимитот и треба да им се изврши задржување од плата,стои во извештајот. Ревизорот во препорачува функционерите, раководните државни службеници и другите вработени да се придржуваат кон дозволените лимит за моблните телефони, а лицето одговорно за пресметка на плата во министерството да пресметува и врши задршка од платата на име прекорачување на дозволем лимит. Во образложението од министерството се наведува дека министерот доставил допис до сите сектори дека и управи дека потрошените средства над дозволениот лимит на службен мобилен телефон ќе го одобрува министерот. Системски слабости Во извештајот се нотира дека постојат системски слабости кои имаат влијание врз навремено носење на подзаконските акти чија цел е поблиску да ги уредат одредбите од законската регулатива.Во делот на работата на Државниот земјоделски инспекторат, ревизорот наведува дека негова обврска е да врши инпекциски надзор преку контрола и прегледи на пратките од увоз и извоз на вино, семеснски и саден материјал, добиточна храна, ѓубрива , производи за заштита на растенија, цвеќиња. Трошоците за контролите се на товар на производителите на земјоделски производи, а висината на трошоците ја пропишува минитерот. Ревизорот констатира дека до денот на известување од извршената ревизизија висината на трошоците за вршење на контрола на квалитет на земјоделските производи не се пропишани од надлежниот министер. Во извештајот се наведува дека од извршеното интервју со надлежните во ДЗИ , ревизијата констатирала дека ваквото решение носи ризик во земјава да бидат пуштени во промет земјоделски производи ,стоки и материјали чиј квалитет нема да биде прегледан и потврден. Ј.С
Слично

Поврзани вести