Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВЕН ИСПИТ – Првпат бесплатно, по седми пат со казна од 12.000 денари!

ДРЖАВЕН ИСПИТ – Првпат бесплатно, по седми пат со казна од 12.000 денари!
Нови детали за планираниот државен испит на факултетите открива Министерството за образование. Испитот ќе може да се полага повеќе пати. Но, првите три пати полагањето ќе биде бесплатно, четвртиот пат ќе се наплаќа 100 денари, петтиот пат - 1000, шестиот обид - 3000 денари, а последниот седми обид 12 000 денари. Толку ќе чини и секој следен обид за полагање. Според плановите на ресорното министерство, првите тестирања ќе се извршат во 2017 година, откако студентите што следната академска година ќе се запишат на факултет ќе завршат втора година студии. Прашањата за државните испити ќе ги составува Одборот за акредитација и евалуација, но со намален состав. Па така наместо сегашните 23, одборот ќе брои 9 члена, од кои тројца ќе ги предлага Владата, тројца ќе бидат од најдобро рангираните државни универзитети по Шангајската листа, 1 член ќе биде од приватните универзитети, а двајца членови на Одборот ќе бидат независни експерти. За да се положи државниот испит, предвиден во втора и четврта година, потребен ќе биде квантум на знаење за шестка, без разлика дали студентот имал повисока оценка за предметот претходно. Надлежните веруваат дека на овој начин ќе се обесхрабрат вечните студенти.    
Слично

Поврзани вести