ДРЖАВЕН ИСПИТ: МОН и Интеруниверзитетската конференција во понеделник на дебата
МОН и Владата денеска упатија покана до членовите на Интеруниверзитетската конференција за размена на мислења и аргументи за квалитетно образложување на реформите и дебата за во понеделник.
Водејќи се од принципите на транспарентност и отвореност, како дел од дебатата за реформите кои се спроведуваат во високото образование во Република Македонија и кои во својата суштина го имаат обезбедувањето на повисок степен на знаења и вештини за студентите, дополнителен квалитет на работата на наставниот кадар и на образовниот процес, односно генерално подобрување на квалитетот на високото образование, министерот Адеми и Владата ја доставиле оваа покана.
Во поканата се истакнува и оти во Владата сметаат дека за да се обезбеди застапеност на поголем број мислења, што е од интерес за процесот, во рамките на делегацијата на Интеруниверзитетската конференција која ќе присуствува на средбата, покрај нејзините членови да биде овозможено и присуство по петмина професори кои со своите изнесени ставови во јавноста изразија забелешка и несогласување со реформите.
