Државата во даночна офанзива, мета се спортските обложувалници!
Спортските обложувалници затекнати од примената на два нови Закони. Се работи за новите измени во Законот за персонален данок на доход и новиот Закон за филмска дејност. Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија предупредуваат дека двата закона сериозно ќе влијаат врз финансиската стабилност на обложувалниците.
Ќе се одданочуваат сите добивки од игри на среќа
Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, е во собраниска процедура, во фаза на поминато Второ читање кај матичната Собраниска Комисија. Следниот понеделник пратениците за овој закон ќе расправаат на пленарна седница. Со измените во законот е предвидено посебните игри да посебните игри на среќа да немаат праг на ослободување од данок на добивка на среќа, секоја поединечна добивка да се оданочува со 10% од вредноста на исплатата. Ваквото одданочување важи за спортските обложувалници и казината, не и за општите игри на среќа. Од АСОМ велат дека ваквите измени се неосновани и не соодвествуваат со реалното работење на спортските обложувалници и ќе придонесе за отпуштање на вработени.
-Најновите измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход ќе резултираат со намалување на изборот и задоволството на играчите на игри на среќа во земјава, а индикативно ќе предизвикаат намалување на приходите кај организаторите на игри на среќа, отпуштање на вработени и крајно - намалени приливи во државниот буџет, вели претседателот на АСОМ, Филип Филиповски.
Претставниците од спортските обложувалници велат дека странските искуства се сосема поинакви а новите измени во законот не се во согласност со евроспкото законодавство. Сметаат дека зад овие измени се крие друга заднина.
-Со новиот предлог закон дирекно се кршат основните правила на Лисабонскиот договор кој е неофицијален устав на Европската унија, како и многуте директиви на ЕУ кои изразито забрануваат двојно оданочување и нерамноправна – монополска позиција на една група во однос на друга. Ваквите промени директно ќе влијаат врз намалувањето на обемот на работата во индустријата на игрите на среќа во земјава, а со тоа и врз намалување на буџетските приходи по овој основ. Кај поголем број држави, кога се оданочува добивката, се применува оданочување на износот на добивката над одредена сума. Таа сума не е мала и се движи од 500 евра па нагоре, а најчестиот праг за оданочување на добивката е помеѓу 3.000 и 4.000 евра, бидејќи тоа е реално најниската сума која претставува вистинска добивк на овој тип на игри на среќа. Во помал број држави, пак, добивките од игри на среќа над одреден износ влегуваат во вкупната сума за годишно оданочување на заработувачката на поединецот, а износите кои влегуваат во таа сума се движат од 3.000 евра па нагоре, вели Горан Павиќевиќ, од спротската обложувалница Спорт Лајф.
Индустријата на игри на среќа секаде во светот егзистира на принципот на голем број на мали влогови и голем број на мали исплати, така да секое, па и минимално оданочување на малите добивки го демотивира повторното играње, сметаат од Асоцијацијата.
Измените во законот ќе бидат мека за нелегалниот пазар
Со нвоите измени наместо да се стимулира легалниот бизнис во оваа област, ќе се отвори можност за нелегалната конкуренција, предупредуваат од АСОМ. Фактот што и најмалата добивка ќе се одданочува, ќе ги демотивира играчите ,кои ќе се сврата кон нелегалните обложувалнци. но ќе се свртат, односно враќаат кон илегалниот пазар. Според АСОМ сегашната законска регулатива придонесе за отворање на преку 150 нови работни места во последните 6 месеци, и намалување на црниот пазар.
Сега ќе се дојде до ситуација многу брзо да следува отпуштање и загрозување на егзистенцијата на повеќе од 60% од вработените и нивните семејства. И тоа само во првата година. Праксата недвосмислено ќе покаже дека ова законско решение забрзано ќе ја развива т.н “сива зона” и ќе доведе до забрзано гасење на легалните приредувачи на игри на среќа. Поврзувањето на сите легалниприредувачи на игри на среќа на НИС сисстемот во УЈП, овозможува рамноправен пазарен натпревар на сите компоненти на пазарот, а црниот пазар е сведен на околу 10% што е еден од најдобрите резултати во Европа.Потполно сме затечени од новиот предлог, бидејќи наместо да продолжиме со усогласувањето со прописите на Европската унија, се вртиме кон непримерни,рестриктивни законски решенија, вели Слободан Веселиновиќ од спортката обложувалница Моцарт
Ваквото законско решение според претставниците од спртските обложувалници предизвикува двојно оданочување, односно се пресметува персонален данок на добивка на целиот износ на исплата, со вклучен износ на уплата во неа, иако уплатата на играчот е од лични средства кое се веќе оданочени по некој основ (на пример плата). Од АСОМ бараат ривремено да се стопира или одложи предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за персонален данок на доход од собраниска процедура, поради дополнителни консултации, истражувања, пресметки и евентуални промени на спорните членови. от 55. Доколку законот се донесе , тогаш со амандман бараат да се изедначат одданочувањата на посебните со општите игри на среќа каде што не се пресметува персонален данок на добивка на поединачна исплата која не надминува износ од 5.000 денари .
Јавна давачка и согласно новиот Закон за филмска дејност
Од први јануари следната година, согласно новиот Закон за филмска дејност, приредувачите на игри на среќа во кои спаѓаат и спортските обложувалници, ќе бидат обврзани 1,3 проценти од вкупниот приход да уплаќаат на сметка на новата Агенција за филм. Парите како што досега образложуваа од Филмскиот фонд и од Министерството за култура се наменети за развој на филмската индустрија во земјава. Од АСОМ се затекнати од овој закон. Велат дека за нив е нејасно по кој основ тие треба да ја плаќаат оваа давачка. Бараат законот итно да се измени, а аргументите ќе и ги соопштат назакажаната средба за следниот понеделник во министерството за култура.
-И давачката согласно овој закон сериозно ќе влијае врз финансиската состојба на обложувалниците. Данокот кој го плаќаат приредувачите на игри на среќа веќе се вложува во културни и спортски активности. Оваа давачка е антиевропски пример за двојно и селективно одданоќување само за одредени индустрии. Ние ќе бараме измени, како може државна институција да се меша во приватна фирма, на овој начин Агенцијата за филм ќе биде сопственик на обложувалниците, велат од АСОМ
Според законот за филм, различен процентуален износ од вкупните годишни приходи од следната година ќе треба да плаќаат и телевизиите, телекомуникациските оператори, кабелските оператори, приредувачите на игри на среќа и дистрибутерите и изнајмувачите на филмови. Од Групацијата на национални телевизиски станици веќе предупредија дека доколку законот не се измени ќе го оспорат пред Уставен суд. И од спортските обложувалниците најавија дека ќе се приклучат кон телевизиите доколку на закажаната средба во министерството за култура не постигнат договор.
Ј.С
Слично
