Државата продолжува со привлекување на туристи
Министерот Сарачини одговарајќи на новинарско прашање во врска со статистичките показатели за бројот на туристите, рече дека до мај годинава е забележан пораст на странските туристи за 25 отсто и кај домашните за 11 проценти.
- Не се задоволуваме со овие податоци за порастот на туристите, бидејќи сметаме дека Македонија има голем потенцијал да стане атрактивна туристичка дестинација. На овој план треба да се преземат дополнителни мерки, инвестиции за подобри патишта и за оние што претстојуваат кај нас, како и за оние што транзитираат. Со субвенционирање во оваа сфера почнавме пред две години кога беа обезбедени 60 милиони денари или 1 милион евра и тоа веќе ги дава резултатите. Размислуваме за проширување на списокот на земји кои можат да аплицираат за овие субвенции, нагласи Сарачини.
Владината стратегија за развој на туризмот, додаде, има два дела, првиот за задачите што треба да ги направи централната власт и вториот што треба да биде обврска на локалните власти.
- Сакаме подеднакво да ги развиваме летниот, зимскиот, еко, алтернативниот, винскиот и секој друг вид туризам што ќе има позитивно влијание на економијата, изјави Сарачини по посетата на Челопек.
Слично
