Државата продава градежно неизградено земјиште
Денеска Министерството за транспорт и врски распиша неколку објави за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија.
Имено, се работи за објави за продажба на 2 градежни парцели за изградба на бензински станици, 4 градежни парцели за изградба на винарии, 7 парцели за изградба на објекти за комерцијални и деловни намени и 15 градежни парцели за изградба на објекти за лесна незагадувачка индустија сервиси и стоваришта.
Предмет на електронското јавно наддавање се градежни парцели во скопско Орешани, во охридско Мешеишта, во Општина Дојран и во Ѓорче Петров.
Пријавите за учество на јавното наддавање за градежната парцела можат да се достават до 18.03.2015 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk. .
Деталните прикази може целосно да ги прочитате овде.
