Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата празнува, трошокот од неработењето е над 70 милиони евра

Државата празнува, трошокот од неработењето е над 70 милиони евра

Најновото спојување на Меѓународниот празник на трудот и Велигден ќе овозможи на вработените во државните фирми и управи да се одмораат шест поврзани денови. Сметката на работодавците покажува дека секој празничен ден, државниот буџет, но и стопанството ги чини од 23 до 29 милиони евра.

Србите се шампиони во спојување на празници, па не е чудно што 75 отсто од младите кај нас сонуваат за работа во државна служба. Од друга страна, за приватниците, одморот од 1 до 7 мај сепак не важи, а ни празникот 9 мај Ден на победата над фашизмот, бидејќи тие ќе работат.

- За нашата фабрика за метална амбалажа тоа е цела сезона и мораме да работиме. Економијата е во тешка состојба и не можеме да дозволиме толку празнување. Мора што повеќе да се работи - вели Радослав Веселиновиќ, сопственик на групата Галеб.

Вело Манџиќ од Белград, сопственик на фурната Велтино, наведува сега ни за таа бранша нема одмор.

- Работиме 365 дена годишно, не можеме ние да си дозволиме да не работиме. А поради празниците губи и стопанството и државата. Најголеми загуби имаме ние кои се занимаваме со производство, додека тие што ги носат законите за празниците уживаат - огорчен е Манџиќ.

Некои приватници неработните денови ќе ги надоместат преку викендите. Директорот на Металец вели дека целосно е нерационално два дена да работиме, па пет дена да празнуваме, а потоа повторно еден ден да работиме, па повторно да празнуваме.

Според Унијата на работодавци во Србија, државата за секој неработен ден губи околу 12 милиони евра, додека загубите во стопанството се оценуваат од 11 до 17 милиони евра дневно.

Слично

Поврзани вести