Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата да се сврти кон сите што се двоумат да инвестираат

Државата да се сврти кон сите што се двоумат да инвестираат
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески истакна дека државната политика треба да се сврти кон сите што се двоумат својот расположлив капитал да го инвестираат во производство. Тој  во рамки на одбележување на годишнината од формирањето на Комората,  потенцираше дека мошне важно за македонската економија е домашните фирми да бидат многу побројни отколку што се сега и што побрзо да ги реализираат своите инвестиции. -Ќе го поддржуваме секој субјект што ќе се определи своите активности да ги насочи кон клучните определби - домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот, да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој и приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст апсорбирајќи ја високата невработеност“, рече Азески. Македонската економија егзистира во услови на три високи диспропорции: производство и потрошувачка, увозот и извозот, како и активното и издржуваното населениe,додаде Азески. Според него одговорот на прашањето колку наведените диспропорции ќе беа поголеми ако не бевте храбри да инвестирате и вработите или колку ќе беа помали ако бевте двојно побројни, е аргумент кој потврдува дека државата треба да се сврти кон компаниите што се двоумат капиталот да го вложат во производството. Реализацијата на економската политика мора приоритетно да се потпре на вас.
Слично

Поврзани вести