Државата без решение што понатаму со бегалците
Управувачкиот комитет нема конкретно решение што понатаму со бегалците.
Нема стратегија за бегалците кои веќе неколку дена се наоѓаат во меѓузоната со Србија и во Транзитниот центар Табановце.
Македонија не знае што ќе прави со 437 бегалци кои се наоѓаат на отворено и 1050 бегалци во транзитниот центар во Табановце. „Заглавени“ се голем број жени и деца и нивната судбина е неизвесна. Од ЦУК велат дека ништо не зависи од нашата држава. И натаму на сила е одлуката да се пропуштаат онолку мигранти на јужната граница колку што ќе транзитираат во Србија. Бидејќи границата со Србија неколку дена е затворена, на јужната граница не се евидентирани нови бегалци.
Транзитниот центар Винојуг кај Гевгелија е празен, затоа што бегалците кои пред три дена заминаа кон север беа последна тура.
Слично
