Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државните „Македонија пат“ и МРТ најголеми должници на УЈП

Државните „Македонија пат“ и МРТ најголеми должници на УЈП

Најголем должник на државата се ткму државните фирми и претпријатија.

Ова го покажува најновата листа на УЈП која ги објави најголемите должници на државата.

Листата опфаќа 4425 субјекти, фирми, граѓани . Тие на државата и должат 230 милиони евра за неплатен ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход.

Близи 11 милиони евра или најмногу на државата и должни охридски  АД Отекс.

Седум милиони евра за ДДВ и данок на добивка должи Јавното претпријатие „Македонија пат“ а трет најголем должник на листата се запиша Македонската Радио Телевизија која има долг од  1,4 милиони евра за данок на добивка.

Во должниците се вбројува и фирмата на Велија Рамковски „Хедис“ чиј стечај е завршен,но таа должи 2,5 милиони евра за неплатени даноци.

Слично

Поврзани вести