Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државниот и јавниот долг се намалени - колку должиме?

Државниот и јавниот долг се намалени - колку должиме?

Oд Министерството за финансии објавија дека државниот долг на крајот на 2017 година е понизок за 1 процентен поен, а јавниот долг е понизок за 1,7 процентни поени, споредено со крајот на 2016 година. 

Ова, според ресорното министерство е прво годишно намалување на државниот и јавниот долг од 2009 година.

„Во однос на третиот квартал на 2017 година, се забележува зголемување кај државниот долг за 0,8 процентни поени и кај јавниот долг за 0,9 процентни поени“- стои во соопштението на Министерството за финансии.

Податоците покажуваат дека на крајот од 2017 година државниот долг изнесувал 38,7 од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 46,7 проценти од БДП.

Слично

Поврзани вести