ДРЖАВНИ КОМПАНИИ ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ СО ЈАВНИ ПОНУДИ НА БЕРЗА: Бесими најавува и даночни стимулации за котација
Ќе се воведуваат развојни, инфлациски, зелени, проектни и регионални обврзници, вели во својата нова колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој во колумната зборува за развојот на финансиските пазари во земјава. Во текстот Бесими обелоденува дека дополнително, предвидено е олеснување на процедурата, како и значителни регулаторни и даночни олеснувања и стимулации за зголемување на бројот на котирани компании во Берзата. Најавува и дека ќе се прават инцијални јавни понуди вклучително на државни компании и нивна целосна или делумна приватизација.
Бесими вели дека предвидени се значаен број законски измени и нови законски решенија со цел олеснување на функционирањето и постигнувањето на целите предвидени со Стратегијата.
„Дел од тие законски решенија се во фаза на подготовка или веќе подготвени, како Законот за финансиски инструменти, Законот за проспекти и транспарентност, Закон за инвестициски фондови, законски решенија во областа на алтернативните инвестициски фондови, Законот за платежни услуги и платни системи, Законот за финансиски друштва, Законот за финансиска стабилност како и започнување на изготвување на законско решение за користење и инвестирање во криптосредства. Овие нови законски решенија покрај усогласувањето со добрите воспоставени практики од развиените земји и европските директиви, нудат и специфични решенија за адресирање на идентификуваните недостатоци., стои во колумната.
Целата колумна овде
