Државна социјална пензија - ќе биде ли финансиски товар?
Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека мал број граѓани ги исполнуваат условите за да добијат државна социјална пензија.
Тој рече дека нема да бидат потребни многу пари и дека средствата ќе се обезбедат од буџетот.
Пензијата што ќе ја добиваат овие лица ќе изнесува 40% од просечната старосна пензија, што во моментов е околу 5.300 денари. Овој проект треба да почне со реализација во 2020 година.
Допрва ќе се прават анализи за опфатот со оваа пензија.
Целта е да се опфатат и граѓани кои веќе имале период на осигурување и определен период на работен стаж во Република Македонија, но тој стаж е под 15 години. Или пак граѓани кои немаат стаж на осигурување во друга држава со која Република Македонија применува договор за социјално осигурување или, пак, со странскиот пензиски стаж и македонскиот пензиски стаж не ги исполнува условите за старосна пензија.
