Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државна ревизија: Заштитни маски за 107 денари, десет пати поскапи дезифициенси на тендерите за Ковид-19

Државна ревизија: Заштитни маски за 107 денари, десет пати поскапи дезифициенси на тендерите за Ковид-19

Државниот ревизор го објави извештајот за „доделување на договори за јавни набавки од страна на институции во јавниот сектор со цел превенција и заштита од пандемијата предизвикана од Ковид-19“ во кој кај некои институции се забележуваат тенедери по многу поскапи цени за набавка на заштитна опрема.

Заштитни маски чинеле и до 107 денари иако биле од понизок квалитет. Заштитни скафандери се набавувале и до 1.364 денари по парче. Литро средство за дезинфекција се купувало за околу 400 денари, односно за десетина пати повеќе во однос на некои други институции кои одлучиле да набавуваат подомаќински.

Станува збор за ревизија на тендерите од ланскиот март до февруари годинава во кој 19 институции потрошиле 8,2 милиони евра за набавка на заштитна опрема. 

Антикорупциска комисија најави дека ќе го разгледува ревизорскиот извештај Минатогодишното прогласување на пандемија со ковид -19 им ја отвори вратата на институцииите за спроведување на јавни набавки во четири очи. 

Слично

Поврзани вести