Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА ВО ПОТРАГА ПО ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕРИ, АМА ЗА ПРОСЕЧНА ПЛАТА – еве кои позиции се пополнуваат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА ВО ПОТРАГА ПО ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕРИ, АМА ЗА ПРОСЕЧНА ПЛАТА – еве кои позиции се пополнуваат

Преку огласи објавени на веб страната на Агенцијата за администрација Министерството за енергетика ќе пополнува 3 работни позиции. Но, тоа не е единственото, се бараат кандидати за работа и во Министерството за правда и Министерството за јавна администрација.

Сепак најмногу внимание привлекуваат огласите за пополнување на работни места во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровинии. За таму се бараат заинтересирани за позицијата Помошник раководител на сектор за општи и административни работи. Но, се бараат и двајца помлади соработници, електроинженери. Едната позиција е помлад соработник за развој на проекти во електропреносниот и електродистрибутивниот систем, како и едно лице за позицијата помлад соработник за проекти за унапредување на производство, снабдување и пазар со електрична енергија. Двајцата кандидати или идни членови на министерството ќе работат во Одделение за проекти, производство и снабдување со електрична енергија, Сектор за електроенергетика.

Она што паѓа во очи е што за двете позиции се нуди плата од 35.744 денари, а притоа се бара лицата да имаат завршено високо образование од областа на Инжинерство и технологии - електротехника електроника и информациско инженерство. Сепак, не се бара никакво искуство.

Што се однесува пак до помошник раководителот, за оваа позиција нето платата ќе биде 48.781 денар.

Условите за пријавување на огласите за работа во Собранието се горе доле слични, се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија. 

Од друга страна Министерство за правда пак бара канидат за позицијата Помлад соработник за работа на предмети против Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Одделение за застапување во предмети пред Европскиот суд за човекови права, Сектор за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права. Заинтересираните треба да имат Правен факултет, а платата би изнесувала 34.177 денари.

Министерство за јавна администрацијапак бара повеќе кандидати кое ќе работат на позицијата Помлад референт за водење на писараница и внатрешна достава, Одделение за канцелариско и архивско работење, Сектор за општи работи и јавни набавки. Треба да се пополнат три позиции и тоа со плата од 31.420 денари.

По изборите има драстичен раст на огласи за вработување во државните институции. Покрај пополнувањето на разни позиции во основни училишта, се бараат лица и за во општините, но и државни институции како Фискалниот Совет, НБРСМ, Собранието, Министерството за транспорт, како и Управата за јавни приходи - УЈП, Министерство за финансии, Генерален секретаријат на Владата на Македонија...

Фактор неодамна објави дека според новиот извештај на Агенцијата за администрација е забележан остар раст на одлуките за избор на нови примени административци во 2025 година. Бројот на избрани кандидати за една година е зголемен за неверојатни 132,62 отсто.


П.О.

Слично

Поврзани вести