Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државјанин на БиХ поврзан со нападите во Париз и Брисел

Државјанин на БиХ поврзан со нападите во Париз и Брисел

Главна врска во терористичките напади во Париз и во Брисел е Езхер Бегановиќ од Босна и Херцеговина, објави „Викиликс“. 

Тој е повратник од  Блискиот Исток и е осомничен за повеќе тешки дела на територијата во БиХ.

Американскиот портал „Ветернас тудеј“ објави напис во кој се тврди дека државјанинот на БиХ, Езхер Бегановиќ е главната врска за терористичките напади во Париз и во Брисел. Порталот се повикува на информации на Викиликс, и тврди дека Бегановиќ од порано е познат како дел од терористичка група, која во БиХ учествувала во поставување на експозив и напади врз полицајци и негови противници. Бегановиќ е еден од осомничените во врска со терористичките организации и екстремните групи кои блиско соработуваат со Фатмир Алиспахиќ, Абдусамед Насуф Бушатлиќ и Семир Имамовиќ. 

Тој уредува неколку сајтови со исламистичка содржина во БиХ. 

Се потенцира дека Сараево и Мосул се градови кои се поврзани со терористички мрежи од Европа. 



Слично

Поврзани вести