Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државен завод за статистика пресмета: Еве кои сектори забележуваат зголемување на платите

Државен завод за статистика пресмета: Еве кои сектори забележуваат зголемување на платите

Државниот завод за статистика излезе со соопштение за платите во Македонија.

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 101.9. 

Зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија 9.1%, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 9.0% и Други услужни дејности 8.6%. 

Според  податоците од Државниот завод за статистика  зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации 12.2%, Преработувачка индустрија 10.4% и Стручни, научни и технички дејности 9.1%. 

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2017 изнесува 35 017 денари.

Во декември 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не зеле плата

Слично

Поврзани вести