Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата во мала деловна банка во земјата должи 52 милиони евра

Државата во мала деловна банка во земјата должи 52 милиони евра

Централна кооперативна банка е една од најмалите комерцијални банки во земјата, но затоа има, условно кажано, голем влог во купување на хартии од вредност преку кои се задолжува државата, односно Министерството за финансии.

До крајот на 2025, според финансискиот извештај објавен на Македонска берза во изминатите денови, вредноста на државните записи кои ЦКБ ги има купено од Министерството за финансии изнесуваат 52,1 милиони евра.

Забрзаното задолжување на државата кај оваа мала деловна банка може да се види и од споредбата со вложувањата во хартии од вредност до доспевање до крајот на 2024, кога вкупната вредност изнесувала 39,6 милиони евра.

„Државните записи во износ од 3,808,163 илјади денари (2024: 2,437,420 илјади денари) претставуваат записи издадени од Министерството за финансии на Република Северна Македонија со рок на доспевање до една година за записите и од две до пет години за обврзниците и каматна стапка од 3.25% до 4.20% (2024: од 3.80% до 4.25%).“, гласи коментарот на банката.

Останатите хартии од вредност во кои има вложувано Централна кооперативна банка се со многу помала вредност.

Централна кооперативна Банка АД Софија е сопственик на ЦКБ, како една од најмалите комерцијални банки во земјата според активата. Централна кооперативна банка АД Скопје има пазарен удел од околу 1,6 отсто (1,64%) од вкупната актива во банкарскиот систем на Македонија.

Сепак капитализацијата на банката се движи забрзано и во 2025 таа изнесувала околу 250 милиони евра. Остварената добивка за 2025 е 175.000 евра.

„Централна кооперативна банка“ започна да работи во Македонија од 2008.

А.К.

Слично

Поврзани вести