Државата се задолжи - колкави се каматите?
Министерството за финансии денеска на аукција издаде државни хартии во вредност од 652 милиона денари или 10,6 милиони евра.
Од Министерството информираа дека сегашните камати за државни хартии од вредност се меѓу историски најниските и се движат oд 1,45% до 3,8% во зависност од рочноста. Објаснуваат дека тие се двојно пониски во однос на каматата на старите долгови кои се сервисираат. За споредба, каматата кон Дојче банк изнесуваше 6,456%.
Во периодот од јуни до денеска Министерството за финансии врати стари долгови вредни 122,5 милиона евра. Државниот долг за овој период е намален, а официјалните податоци за тоа колку изнесува истиот за вториот квартал од годинава ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за финансии на 31 јули 2017.
Oд Министерството за финансии соопштија дека средствата што досега беа повлечени се искористени за враќање достасани, наследени долгови, но и за тековно финансирање на буџетот.
