Државата преку НЕР го докапитализира својот удел во ГА-МА
Владата денеска во рамките на продолжението на работата на 171 редовна седница, ја усвои Одлуката за одобрување на средства од Буџетот за купување на делот на ГА-МА АД Скопје.
Со оваа одлука средствата од Буџетот за 2019 година, во висина од 1.930.000.000 денари ќе бидат уплатени на буџетот на посебна наменска сметка на Национални енергетски ресурси АД (НЕР АД), за да се искористат исклучиво за намената, односно за докапитализација на сопственоста на ГА-МА АД, како компанија, која согласно регулативата на ЕУ, ќе биде увозник на гас во нашата земја.
Слично
