Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата ќе потроши 1,8 милијарди денари за мерките за вработување на скоро 15.000 лица

Државата ќе потроши 1,8 милијарди денари за мерките за вработување на скоро 15.000 лица

Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица. 

Oва е одлука од 32-та владина седница.  Владата денеска го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.

„Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на кризата предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19, односно од 11.03.2020 година“, велат од Владата. 

Оперативниот план за вработување е предвидено да опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари.

Слично

Поврзани вести