ДРЖАВАТА ЌЕ ОТКУПУВА 9.000 ТОНИ ПЧЕНИЦА - за прв пат ќе се складира и ориз во државните резерви
Во следниот период ќе бидат откупени 9.000 тони пченица и 2.400 тони ориз и оризова арпа од минатогодишната реколта, наменети за државните резерви.
Ова го посочи денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со стоковите резерви.
- Донесовме одлука на владина седница околу 9.000 тони да биде откупена пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024. Во првиот случај кај пченицата можеби ќе го погрешам бројките, но има право секој индивидуален производител да конкурира со количина од 5 до 30 тона, а кај оризот и оризовата арпа 3 до 20 или 30 тона така нешто беше се сеќавам.
Ова за првпат се прави посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние коишто одгледуваат пченица, така што ова за првпат како Влада го направивме со измени во законот, стана стратешка култура оризот и на тој начин сега и стоковите резерви ќе имаат ориз - напомена Мицкоски.
