Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата издаде нова еврообврзница - за што ќе се трошат парите?

Државата издаде нова еврообврзница - за што ќе се трошат парите?

Министерството за финансии денеска на меѓународниот пазар на капитал издаде еврообврзница на износ од половина милијарда евра. 

Рокот на достасување е седум години и каматна стапка од 2,75%. 

Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница била во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над седум пати повисока од понудата. 

Како што е предвидено со Буџетот за 2018 година, приливите од еврообврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, како и за отплата на претходните долгови. 

Министерството за финании попладнево соопшти дека ова е историски најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници.

Слично

Поврзани вести