Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата избегнува да каже дали ќе ги субвенционира придонесите за повисока минимална плата

Државата избегнува да каже дали ќе ги субвенционира придонесите за повисока минимална плата

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочаска денеска избегна да даде дециден одговор за тоа дали државата е подготвена да ги субвенционира придонесите во делот на разликата од новата минимална плата што ја бараат синдикалците од 500 евра.

Од нејзината изјава може да се заклучи дека владата останува на ставот да не интервенира како страна во преговорите.

- Во однос на минималната плата, не знам зошто воопшто има такви коментари дека сме биле во судир со синдикатите  Јас бев многу јасна и кажав - ќе се договорат работодавачите и работниците. За нас ќе биде прифатливо сето тоа што ќе го договорат. Тие имаат дијалог меѓусебе. Што ќе прифатат таму, ние сме должни тоа да го обезбедиме. Што ќе договорат, јас како министер за финансии ќе го почитувам,речеДимитриеска-Кочоска.

Министерката не даде коментар за некои ставови од редовите на владеачката партија дека минимална плата од 500 евра ќе поттикне дополнителна инфлација,иако пензиите втор пат по ред ќе растат линеарно за 2.500 денари.

Слично

Поврзани вести