Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВАТА ДА ОБЕЗБЕДИ ЕВТИН ГАС ЗА ТЕ-ТО, А ТИЕ ДА ДАДАТ СТРУЈА ЗА ФИРМИТЕ - Ковачевски вели дека уште се работи на договор со компанијата

ДРЖАВАТА ДА ОБЕЗБЕДИ ЕВТИН ГАС ЗА ТЕ-ТО, А ТИЕ ДА ДАДАТ СТРУЈА ЗА ФИРМИТЕ - Ковачевски вели дека уште се работи на договор со компанијата

Минатата година точно е дека имавме најниско производство на електрична енергија во државата, оваа година имаме 40 отсто зголемување само во делот на термоелектраните или вкупно, кумулативно имаме зголемување за 15 отсто во претходната година во однос на првите 7 месеци, изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во вечерашната Топ Тема.

Тој во емисијата покажа и табела која според него илустрира дека кога ќе се погледне историското производство на електрична енергија во нашата држава, во однос на термоелектраните, се забележува дека од 2010-та година наваму има надолна линија.

„Тоа значи дека се исцрпуваат резервите на јаглен во нашата држава. Во 2018-та година кога јас станавав директор во РЕК Битола, отпочнавме процедура за проширување или отворање нов  рудник во Суводол, затоа што во 2019-та година, требаше да го ставиме клучот таму, бидејќи немаше стратегија како понатаму. Само за една година и 3 месеци успеавме без застој, во тек на работа, да отвориме нов рудник“, рече Ковачевски.

Во однос на гасните капацитети, првиот човек на ЕСМ посочи дека државата ја има само приватната гасна електрана ТЕ-ТО во Скопје.

„Ако таа се вклучи да работи а треба да работи, исто како минатата година, се прават разговори со ТЕ-ТО да работат од Октомври месец, таа енергија – 205 мегавати ќе биде искористена за отворениот пазар, слободниот пазар, односно за бизнис секторот, кај што исто така има потреба од дополнителна електрична енергија, која треба да биде со пониски цени од оние кои се денеска на берзите “ – рече Ковачевски.

Тој додаде се уште ништо не е договорено со ТЕ-ТО и во тек се преговорите меѓу компанијата и ЕСМ.

„ Доколку направиме договор, во континуитет ТЕ-ТО да работи и да испорачуваме електрична енергија кон отворениот пазар, тогаш треба да влеземе во договор за деловно-техничка соработка, ТЕ-ТО со ЕСМ. ЕСМ ќе го набави гасот, со владина поддршка, со поддршка од буџетот, да се обезбедат финансиски средства, гасот да се набави по многу пониски цени, отколку денеска што е на пазарот. ТЕ-ТО работи со цени на гасот кои денеска се околу 2.000 евра. Државата ќе ги обезбеди сите потребни количини на гас. Прво, ТЕ-ТО да работи за да произведува електрична енергија за бизнис секторот а второ како нуспроизвод да ја користи топлотната пареа, која задоволува 60 до 70 отсто од топлинската енергија за градот Скопје“, изјави Ковачевски.

Слично

Поврзани вести