Држава со закон ги мотивира граѓаните парите кои ги чувале „под перница“ да ги стават во банка
Аргентина со нов закон „извлекува“ милијарди долари од „под душек“.
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во петокот потпиша закон кој има за цел да ги охрабри луѓето да ги чуваат своите претходно скриени долари во банките, а воедно и да им прости на даночните затајувања до одреден степен, пренесува АФП.
Во годините на висока инфлација и контрола на валутата, Аргентинците често складирале долари во готово дома. Владата проценува дека Аргентинците имаат околу 251 милијарда долари „под своите душеци “. Тоа е шестпати повеќе од резервите на Централната банка, кои изнесуваа 41 милијарда долари на 30 декември.
Милеи сака да ѝ помогне на земјата да ги исплати своите 19 милијарди долари надворешен долг оваа година, според Канцеларијата за буџет на Конгресот.
За да привлече депозити, во декември Конгресот гласаше за зголемување на износот за кој граѓаните можат да бидат гонети за даночно затајување за 66 пати, на еквивалент од 70.000 долари по фискална година.
Сепак, опозициските лидери предупредија дека иницијативата ќе ја направи Аргентина претпочитана дестинација за перење пари.
foto freepik.com/jcomp
