Економија, финансии, бизнис

Контакт

Држава која има девет валути и воведува нова

Држава која има девет валути и воведува нова

Зимбабве воведува уште една валута која ќе се вика долар, но нема врска со американскиот долар. 

Со ова земјата сака да го намали хроничниот недостиг на пари. 

Државата користела различни валути, откако нејзиниот долар кој бил национална валута е срушен и повлечен заради хиперинфлација и прекумерно печатење на пари. 

Економскиот колапс ги принуди граѓаните да купуваат резерви со вода па дури и чепкалки од странство, со што парите се одлеваа во други земји. 

Сега Зимбабве со апоени од 2 и 5 долари сака да ги олесни локалните трансакции. 

Новите монети изгледаат исто како и старите. 

Некои аналитичари сепак велат дека ова воведување на нова валута, уште повеќе ќе ја влоши состојбата. 

Валутната криза почна во 2000 година. 


 

Слично

Поврзани вести