Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дрво паднало врз далекувод: Дебар остана без струја

Дрво паднало врз далекувод: Дебар остана без струја

Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околни населени места. Од МЕПСО информираат дела тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво паднало врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток - ТС Шпиље. 

Поради тоа е предизвикан прекин во снабдувањето со електрична енергија. 


„Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10:35 часот. Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија, информираа од МЕПСО.


Слично

Поврзани вести