Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дрво падна и повреди дете при невремето во Хрватска

Дрво падна и повреди дете при невремето во Хрватска

Девојче е повредено и оперирано откако дрво паднало врз него при невремето.

Детето се враќало од училиште кога дрвото паднало, ја скршило нејзината нога, по што е пренесена во Загреб во болница. 

Во Бизовац каде падна и град, оштетени се покриви на куќи. Штети има и во Чазма. Во Осијечко-барањската и Вировитичко-подравинската жупанија, ветерот турна цели дрвја. Од ветерот кој дуваше со јачина од 120 км/ч, во областа нема струја, има уништени автомобили и превртени камиони. 

Невреме ја зафати и Италија каде во поплавите загинаа 10 луѓе, а има и исчезнати. 

За време на викендот најавено е дека ќе има невреме и поројни дождови и во Македонија. 

Слично

Поврзани вести