Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дрвените остатоци подобро загреваат од нафтата

Дрвените остатоци подобро загреваат од нафтата

Ако за греење се користи дрвната иверка тогаш речиси двојно се заштедува во споредба со користење на нафтата како гориво. Ова го покажа проектот на Националното здружение на сопственици на приватни шуми од Берово, од каде посочуваат дека замената на нафтата значително ја намалува емисијата на штетни гасови, а помага и во развој на локалната економија.

Според координаторот на проектот Дарко Скендерски, големи количини отпадно дрво се добиваат по сечата на дрвата во шумата и при обработката во пиланите, но тие остатоци ретко се користат за добивање топлина или за секундарни производи иако имаат  голем потенцијал.

„Се наметнува и заклучокот дека мора да се менуваат и навиките при работата во шума, како и да се прецизираат процедурите за добивање на транспортните документи“, изјави Скендерски.

Биомасата, органска материја од растително или животинско потекло, е најстар извор на енергија. Во светски рамки се смета за клучен обновлив ресурс. Се однесува на дрвја, растенија, алги, отпадоци од земјоделството и шумарството, како и на биоразградливиот дел од комуналниот отпад.

Од дрвата кај нас за топлина главно се користи дабово и буково огревно дрво, а поретко пелети и брикети.Иверката пак која е уѓте наречена дрвен чипс и е погодна за греење се добива со машинско ситнење на дрвото. Со 10 до 15 метри кубни чипс се заменува енергија што се добива од 1.000 литри нафта за ложење или две поросторни метри огревно дрво.

Слично

Поврзани вести