Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дрвата за огрев скоро двојно поскапи од лани

Дрвата за огрев скоро двојно поскапи од лани

Грејната сезона почнува за еден месец, а на пазарот има недостаток на дрва за огрев. Побарувачката на дрва оваа година е зголемена, а цената скоро двојно повисока од лани.

На пазарот моментално цените се зголемени за 40% до 45 % од минатата година. Па така, кубик дрва сега може да се купи за цена од 3 400 до 3 600 денари.

Истовремено, и понудата на огревно дрво е намалена скоро за половина од лани. Оваа година на пазарот се понудиле од 120.000 до 150.000 метри кубни дрва.

Од Здружението на приватни шуми,еднаш предупредија дека годинава ќе има криза со огревното дрво, поради задоцнетата сеча на огровното дрво.

Недостатокот на огревните дрва и високата цена најмногу ги чувствуваат граѓаните со ниски примања и пензии.

Слично

Поврзани вести