Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дрвата од „Македонски шуми“ ќе се продаваат и на други компании

Дрвата од „Македонски шуми“ ќе се продаваат и на други компании
Објавен е повикот за интерес со кој „Македонски шуми“ започнувааат да продаваат дрва и на други компании. Притоа од идната година, целокупната продажба на огревно и техничко дрво, ќе преку објавување на јавни повици за интерес , по што ќе следи склучување на договори за купопродажба со правните лица. Целта е, објаснува директорот Жарко Караџоски Повикот излезе во два весника, Вечер и Коха. За да се склучи договор, заинтересираните фирми прво ќе треба да поднесат барање за склучување купопродажен договор до 31 декември годинава. За граѓаните пак, нема промени. Тие како и досега ќе можат да купуваат дрва во складовите на компанијата, односно или да платат во готово или на рати до шест месеци. Исто така, информираат од „ Македонски шуми“, договори за продажба на огревно дрво со синдикатите и со пензионерските здруженија остануваат како досега. „Секое правно лице кое сака да купува дрва за понатамошна препродажба може тоа да го направи со 10 отсто попуст за количини над 1.000 метри кубни со авансно плаќање на вредноста на профактура. Се нуди и можност за одложено плаќање до 30 дена со банкарска гаранција која покрива една четвртина од вредноста на договорот и учество од 20 отсто при склучувањето на договорот. Исто така, се нуди и можност за одложено плаќање од 45 дена со банкарска гаранција која покрива една третина од вредноста на договорот и учество од 30 отсто при склучувањето на договорот“,информираше Караџоски. Според најавите,  договори за огревно дрво со правни лица ќе се склучуваат два пати годишно, на 1 јануари и на 1 јуни, при што се дава можност за плаќање на рати или попуст кога се плаќа во готово. Од „ Македонски шуми“ информираат дека петта година по ред нема промена на цената на дрвото . Големопродажната цената на буката чини 2.583 денари , а малопродажната 2.870 денари за кубик, при што дополнително се плаќаат по 150 денари за превоз на секој кубик дрва.
Слично

Поврзани вести