Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРОНОВИ, ЛОВЏИИ, ПОЛИЦИЈА, СИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ПАНТЕРОТ: Цела Србија во акција по видеата од дивото животно

ДРОНОВИ, ЛОВЏИИ, ПОЛИЦИЈА, СИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ПАНТЕРОТ: Цела Србија во акција по видеата од дивото животно

Потрагата по пантерот синоќа е прекината поради густа магла, но продолжува денеска. Немања Ивановиќ, раководител на Покраинската инспекција за заштита на животната средина, потврди за српските медиуми дека организираната потрага по пантерот во Апатинскиот атар продолжува и денеска.

Според него, по вчерашното видео на кое се гледа големо црно животно, слично на пантер, кое го снимиле жители на Пригревица, надлежните екипи излегле на блискиот терен.

„Поминавме околу пет часа на терен обидувајќи се да го забележиме дивото животно што беше снимено. Претпријатието „Воде Војводина“ обезбеди дрон со термална камера и испитавме најмалку 150 хектари шума и атар. Придружувани сме од ловочувари од Војводина шуми кои го знаат теренот, а има и полицајци од Апатин. До вечерва не забележавме пантер, само птици и глодари“, вели Ивановиќ.

Ивановиќ вели дека примарна намера е да го заспијат предаторот, па во акцијата учествувале и ветеринари од зоолошката градина Палиќ.

„Поради магла и безбедност на учесниците синоќа беше прекината акцијата за фаќање на дивото животно, а во зависност од можното движење на пантерот и информациите каде е забележан, потрагата ќе ја продолжиме денеска“, Ивановиќ. изјави за РТС.

ФОТО: YouTube

Слично

Поврзани вести