Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дрон слетал и во Романија, се истражува потеклото

Дрон слетал и во Романија, се истражува потеклото

Дрон синоќа слетал на ливада во Романија.

Тој е пронајден во романската општина Думитра, на околу 100 километри јужно од украинската граница. Полицијата покренала истрага откако еден жител пријавил дека на ливада покрај неговата куќа слетало непознато летало. Властите во Романија не сакале да го коментираат потеклото на леталото. 

Во четвртокот минатата недела беспилотно летало од советско производство се урна во непосредна близина на Студентскиот дом во хрватскиот главен град Загреб, откако претходно ги прелетал Романија и Унгарија. 

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека ова било опасен инцидент. 

Слично

Поврзани вести