Дритан Абазовиќ е подготвен да биде премиер на Црна Гора
Станува се поизвесно дека Дритан Абазовиќ ќе биде премиер на Црна Гора.
Вели дека новата влада на Црна Гора мора да има 7-8 јасни задачи, меѓу кои најважни се деблокирањето на европскиот пат и подготовките за новата туристичка сезона.
„Никогаш не сум избегал од никаква одговорност…. Секој што води малцинска влада мора да биде жртва… Ако некој треба да се жртвува, јас сум тука. Подготвен сум“, изјави за Дојче веле лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, за тоа дали размислува да ја преземе премиерската функција.
Абазовиќ, вели дека неговата партија веќе разговарала за концептот на нова влада со СНП и малцинските партии, како и со Демократскиот фронт и Демос.
Слично
