Дрим тимот кој ќе ја спаси Европа!
Кога Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за светскиот раст во 2014 и 2015 година до односно 3,3% и 3,8% од 3,7 и 3,9 отсто, како главна причина беа наведени влошените економски перспективи пред еврозоната, вклучувајќи го и значително побавниот раст во Германија.
Економските незгодите на Европа се рефлектираа во политичката ситуација во регионот, како голем дел од европските гласачи веќе почнуваат да чувствуваат чувство на беспомошност и се тетерават кон идеолошки крајности. Еден претстоен извештај на двајца угледни економисти - Жан Писани-Фери и Хенрик Ендерлајн, сепак може да го покаже вистинскиот пат, пишува поранешниот министер за економија на Турција и администратор на Програмата за развој на ОН Кемал Дервиш во Project Syndicate.
Задачата пред Писани-Фери и Ендерлајн е да измислат нова стратегија за реформи во двете најголеми европски економии, фокусирајќи се на структурните реформи во Франција и зголемувањето на инвестициите во Германија. Надежта е дека заедничкиот извештај, кој ќе биде објавен на 1 декември ќе го донесе потребниот пробив, кој конечно ќе го заживее моторот на раст на еврозоната.
Подготовката на извештајот беше доверена неколку дена по годишната средба на ММФ минатиот месец, на собир на француските министри за финансии и за економија - Мишел Сапен и Емануел Макрон, и германските колеги - Волфганг Шојбле и Зигмар Габриел. Иако средбата не доведе до конкретни политички активности, предводена од извештајот Писани-Фери / Ендерлајн, таа може да го даде почетокот на една поефикасна француско-германска соработка.
Таквата соработка едвај може да дојде во соодветен момент. Неколку недели откако беше даден почетокот на проектот, Франција и Италија ги претставија санираните буџети пред Европската комисија (ЕК), во кои земјите инсистираат на веќе фискална слобода. Сега до крајот на месецот Комисијата треба да одлучи дали Франција се стреми доволно напорно кон реформи, за да избегне казни поради кршење на ветувањето за буџетскиот дефицит да не надминува 3% од БДП следната година.
Ефективна стратегија за реформи ќе мора да најде рамнотежа помеѓу потребата од буџетските ограничувања и макроекономска стабилност, и политики кои ќе го поттикнуваат растот. За последното, предлозите на претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги за напредни парични олеснувања, структурни реформи (особено во Франција и Италија) и делумна фискална експанзија во Германија, нудат една корисна рамка, која да биде надополнета со конкретни мерки.
Управниот одбор на ЕЦБ изнел принципиелна согласност за употреба на првиот од наведените инструменти. Самостојната монетарна експанзија сепак ќе биде недоволна да се извади еврозоната од стагнација.
Покрај тоа, многу од структурните реформи, кои може да се дискутираат или спроведат, иако ќе го поттикнат растот на долг рок, може да имаат ограничувачки ефекти во краток рок. Ова е особено точно, што се однесува до зголемувањето на флексибилноста на пазарот на трудот, што е клучен фактор за долгорочен раст, но може да доведе до зголемување на невработеноста во краток рок.
Затоа и фискалната политика е витална, а Германија треба да поведе зголемување на јавните инвестиции, за да бидат консолидирани приватните и да се охрабри конкуренцијата. Последниот извештај на ММФ, насловен World Economic Outlook, го опишува успехот на овој пристап во услови на рецесија.
Франција и Германија можат да влечат кредити со рекордно ниски камати. Со секоја упатно мудро изработена инвестициона програма би се подобрил билансот на јавниот сектор. Имајќи предвид и дефицитот на тековната сметка на еврозоната од речиси 350 милијарди долари, нема ризик од криза во платниот биланс.
Клучот во случајот е довербата. Германија мора да верува дека согласноста да го олабави фискалниот појас на еврозоната нема да доведе до одложување на структурните реформи, а државите како Франција треба да знаат дека премногу ограничувања нема да ги изостри ефектите од политички најтешките структурни реформи во краток рок.
Во овој дух политичката поддршка на највисоко ниво, изразена на начин на кој да се добие одобрение од европските граѓани, ќе биде витална. Габриел и Макрон треба да ја поведат промената поддржани од Сапен и Шојбле. Се разбира, германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот премиер Мануел Валцер, без да се спомене новата ЕК, исто така треба да го поддржат проектот.
Исчезнатата доверба е проблем за целата еврозона, но француско-германските односи се неговото јадро. А како што покажува искуството, активностите на Германија и Франција можат да имаат голем ефект кога двете страни работат заедно. Она што претставува иницијативата Писани-Фери / Ендерлајн, е силата на овие односи и она што со доволно политичка поддршка, би можело да ја заживее Европа.
К.К.

Слично