Дрекслмајер дели откази!
Околу 60 работници добиле откази по штрајкот во фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци, јави Телма. Според телевизијата, отказите не ги делат сопствениците, туку шефовите кои се назначени од нив.
Некои од вработените апелираат до своите колеги да не се плашат за последиците и гласно да говорат за проблемите.
Пред четири дена менаџментот на Дрекслмаер се јави со соопштение, работниците го прекинаа штрајкот.
Компанијата во соопштението објасни дека не се работело за штрајк, туку за недоразбирање со вработените.
- Спротивно на тврдењата Дрекслмајер не им ја намали платата на своите вработени. Овде се работи за недоразбирање. Од бруто платата како што е законски пропишано се исплаќаат социјалните придонеси и персоналниот данок. Потоа на вработените им се исплаќа нето-плата. Дрекслмајер се придржува на превземените обврски кон вработените, стои во соопштението на Дресклмаер.
Но менаџментот во соопштението не спомена ништо за барањата на вработените да им биде исплатен бонусот кој им го ветиле за работа за време на велигденските празници.
Слично
