Дрекслермаер вработува 200 лица – предност имаат лица што работеле во конфекција
Отворањето на германската фабрика Дрекслермаер значи нови работни места и за Велешани, односно догодина таму ќе се вработат околу 200 граѓани. Огласите се веќе пуштени, а кој е примен на работа ќе се знае кон средината на јануари. За работа аплицирале 750 лица, а денеска започна првото тестира на 45 апликанти.
„Денешниов ден е неработен, но тој треба да биде првиот работен за оние невработени кои аплицирале за вработување во Дрекслермаер. Велес за прв пат ќе почне да вработува луѓе во поголема група и тоа на граѓани кои имаат проблеми со егзистенцијата“, рече Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување.
Според огласот, нема посебни услови од страна работодавците, но предност ќе имаат жените кои веќе работеле во конфекциската индустрија. Апел за аплицирање упати и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, кој посочи дека целта е до крајот на 2014 година општината да ја намали невработеноста за 10%.
Слично
