Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЕКСЕЛМАЕР: Работниците си бараат празнични дневници, раководството молчи

ДРЕКСЕЛМАЕР: Работниците си бараат празнични дневници, раководството молчи
Неисплатени празнични дневници за Велигден биле причина за незадоволството на работниците во фабриката на Дрекселмаер во Кавадарци, кое кулминираше синоќа со штрајк на третата смена. Дел од вработените за порталот Плусинфо откриле дека иако им било ветено, не им биле исплатени прекувремените часови за април, ниту дополнителните 2.200 денари за работа на Велигден. „Работиме секоја сабота и недела и, по потреба, дополнителни часови, а добиваме плата за 160 работни часови месечно“, велат работниците. Ова ја прелеало чашата заради што вработените во германската компанија за автомобилски инсталации одлучиле да започнат штрајк. Фактор се обиде да стапи во контакт со раководството на фабриката на „Дрекселмаер“ во Кавадарци. Директорот Ѓорѓи Тренковски не одговори на телефонските повици, но ни испрати порака дека во моментот е зафатен и ќе нè бара покасно. Ова не е првпат работниците во Дрекселмаер отворено да го изразуваат незадоволството со условите за работа во фабриката. На почетокот на април работниците од Велес одбија да заминат на работа во знак на протест заради катастрофалните услови за превоз. Работниците се пожалија дека ситуацијата станала неподнослива особено по последните вработувања во „Дрекселмаер“ – бројот на работници бил зголемен, а компанијата одлучила да ги превезува со истиот број автобуси. На следниот линк анализа:

Германски Дрекселмаер бара работници. Нуди плата 8.050 денари?!

 
Слично

Поврзани вести