„Дрекселмаер“ нема да работи заради протестот?
Германската компанија „Дрекселмаер“ денеска ја затвори фабриката во Кавадарци во пресрет на најавениот протест на повеќе невладини организации заради работните услови што ги нуди киомпанијата за своите вработени.
На работниците официјално им било кажано дека производството се стопира заради местење на клима уреди во производните хали, пренесува порталот Мојотград.
За попладнево пред фабриката протест закажаа левичарските движења „Ленка“ и „Солидарност“ во знак на поддршка на вработените во фабриката, кои минатата недела штрајкуваа заради неисплатени празнични дневници.
„Вработените во фабриката “Дрекслмаер” покрај тоа што работат со максимално, полночасовно време, а неретко и повеќе од тоа, примаат минимален надомест за нивниот труд. Вработените во оваа фабрика работат во тешки услови и соочени се со силни психолошки, но и со физички притисоци од раководството на фабриката. Институциите, како по обичај, ги нема. Тие се активираат само кога треба да застанат на страната на работодавачите“, соопштија од овие здруженија.
Совпаѓањето на терминот на стопирањето на работата во фабриката со закажаниот термин ги подгреа шпекулациите дали токму протестите се причина за привременото затворање на фабриката во Кавадарци, во која работат над 3.500 луѓе.
Слично
