ДРЕЦУН СО ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА: Имаме бројни докази дека на почетокот на 90-тите во камповите на албанската армија се вршела обука на припадниците на ОВК
Албанија ја формираше терористичката ОВК како ударна тупаница за реализација на своите големо-албански соништа. Ова во интервјуто за емисијата Во Центар го изјави Милован Дрецун, претседател на комисијата за Косово и Метохија во Парламентот на Република Србија.
Според Дрецун, Албанија ги создала и ОВПМБ на југот на Србија и ОНА во Македонија и Албанската национална армија. Тоа формации ги има формирано Република Албанија, вели тој. Сите тие и такви организации и воени формацџии не се настанати без помош на Албанија, смета Дрецун и додава: „Ние имаме бројни докази кои покажуваат дека веќе на почетокот на 90-тите години во камповите на албанската армија се вршела обука на припадниците на терористичката ОВК, кои потоа се уфрлани на територијата на Србија, односно Косово и Метохија“.
Во Албанија, вели Дрецун, се вооружувале терористите и таму се собирале сите доброволци од западните држави и од арапските земји, и потоа се префрлале на Косово, откако ќе ги поминеле сите потребни обуки во Албанија.
„Во селото Вицидол, на имотот на поранешниот албански премиер, Сали Бериша беше главниот камп на терористичката ОВК каде доаѓаа сите, се вооружуваа, добиваа униформи и од таму, од имотот на Сали Бериша во Северна Албанија, потоа се префрлаа во Косово, Македонија и на други локации“, вели Дрецун.
Врз база на сите тие докази сега во Хаг се наоѓаат политичкиот лидер и командант на ОВК, Хашим Тачи и шефот на тајната полиција на ОВК, Кадри Весели. Дрецун очекува дека врз база на доказите и истрагите и Рамуш Хараинај кој беше кломандат на една од оперативните зони исто така ќе се најде во Хаг.
Извор: Во Центар
