ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА СТРУЈА ВО УЈП, рационалното користење ја преполовило септемвриската сметка
Управата за јавни приходи во месец октомври, потроши за 28 проценти помалку електрична енергија во споредба со истиот месец лани. Додека пак, во месец септември било забележано намалување на потрошувачката на електрична енергија од дури 53 отсто во споредба со потрошувачката во септември минатата година. Ова го посочуваат преставниците на УЈП, од каде додаваат дека тие низ цела држава имаат вкупно 34 организациони единици и следејќи ги препораките на Владата, ја оствариле оваа заштеда на електрична енергија.
- Податоците потврдуваат дека УЈП, како вископрофесионална институција, заедно со нејзините вработени, целосно ги почитуваат и применуваат владините препораки за домаќинско и одговорно однесување кон потрошувачката на електричната енергија, со што придонесуваат да не се нарушува сервисната функција на институцијата и таквата пракса ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување на глобалната економска и енергетска криза - се посочува во соопштението испратено од УЈП.
