Драстичен раст на прометот на Македонска берза во февруари, ова се најтргуваните акции
Скок од над 44% посто или 401.956.529 денари бележи прометот кој Македонска берза го остварила во февруари, покажа извештајот на најновиот билтен на берзата.
Најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза се хартиите од вредност на Комерцијална банка (31,6%), НЛБ Банка (21,14%) и Алкалоид (6,84%).
Најголем раст кај прометот во февруари има кај блок трансакциите каде што прометот регистрирал 182% .
Вкупниот број на трансакции достигна 1.289, а Индексот МБИ 10 беше на ниво од 2.296,91 поени или за 2,99% повеќе споредбено со претходниот месец.
Што се однесува до пазарната капитализација таа бележи раст од 2,78%
Акциите кои во февруари забележаа најголем раст на вредноста се Оилко КДА (46,31%), Жито Лукс (27,39%) и оние на НЛБ Банка (16,25%), додека наспроти нив пад регистрираа хартиите од вредност на Топлификација ( – 8,92%), Окта ( – 8,30%) и на Винарска визба Тиквеш ( – 6,52%).
