ДРАСТИЧЕН ПАД: Што ги турна надолу цените на нафтата минатата недела?
Цената на барелот на лондонскиот пазар потона за 13,5 отсто минатата недела, на 104,39 долари
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 13,5 отсто, на 104,39 долари, додека барелот на американскиот пазар падна за 12,9 отсто на 99,27 долари.
Oвој драстичен пад е резултат на одлуката на претседателот на САД за продажба на рекордни 180 милиони барели нафта од стратешките резерви за да се спречи понатамошно зголемување на цените на „црното злато“.
Имено, најголемиот неделен пад на цената на нафтата во последните две години дојде откако претседателот Бајден најави дека за шест месеци, почнувајќи од мај, на пазарот ќе пласира милион барели дневно од стратешките резерви за да спречи понатамошно зголемување на цените .
Откако минатата година цените се зголемија за повеќе од 50 отсто, благодарение на глобалното економско закрепнување од кризата со корона, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 30 отсто од почетокот на оваа година поради кризата во Украина.
