Драстичен пад на прометот на Македонската берза
Вкупниот промет на Македонската безра во првите шест месеци од годинава е намален за 44 % во споредба со истиот период минатата година.
Билтенот на берзата за периодот јануари-јуни покажува дека вкупниот промет на берзата изнесувал 1,2 милијарди денари, за разлика од минатата година кога изнесувал околу 2,2 милијарди денари.
Во првите шест месеци од годинава, прометот кај класичното тргување е намален за 5,61 %, кај блок трансакциите за 85,9 %, а кај јавните берзански аукции за 96,4 проценти.
Слично
